Лајчак: Европската иднина на Србија и Косово зависи од нормализацијата на нивните односи
Самитот на делегациите од Белград и Приштина беше тежок и покажа многу поинаков пристап од двете земји, изјави високиот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.
„Последица на ова е што постигнавме многу малку“, рече Лајчак по средбата меѓу Вучиќ и Курти во Брисел.
Тој додаде дека биле разгледани неколку различни предлози и дека единствениот резултат што може да се пријави е дека дијалогот ќе продолжи.
„Страните се согласија дека главните преговарачи ќе одржуваат месечни состаноци со посредство на Европската унија, дека ќе се разговара за тековните прашања и дека самитите ќе бидат подготвени навремено“, рече Лајчак.
Според него, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се договориле да се состанат во септември.
– За нас, Европската унија, важно е да се нагласи дека европската иднина на Србија и Косово зависи од нормализацијата на нивните односи. Затоа, очекуваме двете земји да работат заедно, да го надминат наследството од минатото и да ги решат сите нерешени прашања, рече Лајчак.
На вчерашниот самит присуствуваше и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел.
Ново на Сител
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства