Ла Стампа: ЕУ нема да ги продолжи договорите за вакцините со Џонсон и Џонсон и со Астра Зенека
Европската комисија одлучи да не ги обновува договорите за набавка на вакцини против Ковид-19 со Џонсон и Џонсон и со Астра Зенека, објави денеска весникот Ла Стампа, повикувајќи се на неименуван извор од италијанското Министерство за здравство.
– ЕК во договор со лидерите на многу земји на Европска Унија, одлучи договорите со компании што произведуваат вакцини против коронавирусот, кои важат за тековната година, да не бидат обновени по нивното истекување, наведува Ла Стампа.
Весникот додава дека Брисел ќе се фокусира на вакцините против Ковид-19 со употреба на РНК технологија, како што се оние на Фајзер-Бионтех и Модерна.
Слични информации минатата недела објави и германскиот весник Ди Велт.
ЕК, во меѓувреме, побара појаснување од Џонсон и Џонсон за „целосно неочекуваното соопштение за одложување на испораката на своите вакцини во ЕУ“.
Информациајта доаѓа по вчерашното соопштение на Џонсон и Џонсон дека ќе ја одложи испораката на вакцината против Коид-19 во Европа поради стравувањата дека во ретки случаи, примателите на вакцини може да развијат згрутчување на крвта.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
-
ДУИ и ВРЕДИ со реакции по одлуката на Уставен за Медресата во Кондово