-->
-->
Квирикашвили: Грузија е цврсто определена за влез во НАТО
-->
Грузија е цврсто определена да влезе во Северноатлантскиот пакт, изјави денеска грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили.
- Активната соработка помеѓу Грузија и НАТО последниве години ја достигна највисоката точка. Грузија е цврсто решена да стане член на НАТО, и ќе продолжи со реформите во таа насока, рече Квирикашвили.
Како што јави ТАСС, дeнеска завршува пленарната седница на НАТО, што започна на 26 мај во грузискиот главен град Тбилиси. Во работата на форумот учествуваат над 600 делегати од 28-те земји членки на Алијансата и претставвници на повеќе од 20 нивни партнери.
За денеска се очекува и усвојување декларација во насока на поддршка на евроатлантската ориентација на Грузија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот