Loading Video...
Спорт плус
5. October 2019 - 14:53
Квартараро пред Вињалес и Маркез на стартот на тајландското Гранд-при
Фабио Квартараро ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка во Мото ГП шампионатот што ќе се вози за големата награда на Тајланд.
До својата четврта пол-позиција сезонава Французинот, стигна во денешните возбудливи квалификации, во кои најнапред актуелниот шампион Марк Маркез одново излета од патеката, а потоа и Французинот.
Сепак мотоциклистот на претходно извозе најдобро време и тоа остварувајќи нов рекорден на патеката.
Така утрешната 15-та трка од првиот стартен ред ќе ја започнат Квардараро, Марк Вињалес кој имаше второ време и лидерот во генералниот поредок Маркез, додека неговиот најблизок конкурент во борбата за титулата Довициозос ќе ја има седмата стартна позиција.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->