Кузеска: Апелираме ВМРО-ДПМНЕ да се однесува конструктивно и навистина да води позитивна кампања
СДСМ како и досега ќе води позитивна кампања. Тоа сме го покажале и сме го докажале во низата циклуси на избори дека СДСМ секогаш водела позитивна кампања. Имаме одлични резултати кои што се постигнати во изминатите четири години со реализирани над 7.000 проекти. Фокусот на оваа кампања секако ќе биде интересот на граѓаните. Црнила, мракови, лажни вести, деструкција, блокади, кочници, злоба, етикетираање тоа е се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е партија која што воопшто не е реформирана и секако и во оваа кампања не може од нив да очекуваме ништо повеќе, изјави денеска портпаролката на партијата Богдака Кузеска.
Кузеска, коментирајќи ја изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и меѓусебните обвинувања за говор на омраза во пресрет на локалните избори, рече дека СДСМ апелира до опозициската партија да се однесуваат конструктивно и да се вклучат навистина во позитивна кампања.
-Ние зборуваме за ширење на лажни вести, зборуваме за деструкции, зборуваме за блокади, зборуваме за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои што јавно се декларираат, зборуваат дека се антиваксери и кажуваат дека нема да примаат вакцина. Значи тоа не е обвинување, тоа е еден апел уште еднаш да се однесуваат конструктивно и да се вклучат навистина во позитивна кампања не само за локалните избори и не само за избори, туку да се вклулчат во сите процеси кои што сте добри и се од интерес на граѓаните и на државата, тогаш може да се најде заеднички јазик, рече Кузеска на прес-конференција во партијата.
Ново на Сител
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска
-
Таравари: Ќе има одговорност ако се утврдат пропусти кај третманот на 57 годишниот пациент кој почина на Кардиохирургија
-
Финансиска полиција и ОЈО ја тресат ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп