Куртулмуш: Реална цел е трговскиот обрт меѓу Северна Македонија и Турција да достигне две милијарди долари
Претседателот на големото Национално собрание на Турција Нуман Куртулмуш, кој е во прва официјална посета на Северна Македонија, вели дека парламентарната соработка ги следи севкупните пријателски и билатерални односи меѓу двете земји, но исто така очекува двојно зголемување на турските инвестиции во земјава.
- Како што и Вие истакнавте, помеѓу двете земји постојат блиски односи кои се рефлектираат и во самата економска соработка. Кога сме кај билатералниот трговски обем помеѓу нашите две земји, трговскиот обем се движи приближно до една милијарда долари и сметаме дека е недоволно. Сметаме дека билатералниот обрт од две милијарди долари е реална цел која може да се достигне и знам дека и кај двете страни има волја да се развива обостраната трговија. Знаеме дека во земјава има голем број турски инвеститори кои според моите познавања и информации кои ги имам нудат вработување за над 10.000 граѓани на оваа земја, истакна Куртулмуш.
Турските компании, додава тој, се присутни и во инфраструктурните проекти, но го нагласува и фактот дека во октомври во земјава е отворена регионална канцеларија на компанијата од одбранбената индустрија „Аселсан“.
- Секако дека во оваа прилика би сакал да го поттцртам фактот дека во одбранбената индустрија имаме развој на билатералната соработка, фактот дека турската државна компанија од одбранбената индустрија „Аселсан“ отвори канцеларија во Скопје, која не е одговорна само за Северна Македонија туку и за целиот балкански регион. Мислам дека е многу значајна во насока на продлабочување на нашата соработка, рече претседателот на турскиот Парламент.
Во однос на соработката во туризмот, вели Куртулмуш, Северна Македонија има исклучително место за турските туристи особено Скопје и многу други градови, кои како што посочи, се многу слични како старите османлиски градови како Бурса, Маниса и Амасија.
- Земјата и градот имаат огромни историски и културни богатства и со тоа земјата и градот стануваат туристичка атракција која привлекува се поголем број на туристи. Сметам дека билатералната економска соработка ќе продолжи да се развива и во иднина, истакна претседател на големото Национално собрание на Турција Нуман Куртулмуш.
Ново на Сител
-
30-годишна струмичанка нападната од женско лице по недоразбирање во сообраќајот
-
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица
-
Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари
-
Откриени дилери на марихуана и амфетамин, поведена истрага
-
Полицијата трага по двајца штитеници од Јавната установа за згрижување деца
-
Во прилепско село пронајдена граната од Прва светска војна
-
Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад