Курц: Да се затвори медитеранската маршрута, според примерот на балканската
Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, сака да се затвори медитеранската маршрута за бегалците, според примерот на успешно затворената балканска маршрута.
- Единственото решение на криумчарите да им се одземе работата и да се прекине со смртните случаи на Средоземјето е да се осигури дека, кога некој илегално ќе тргне на пат, да не дојде до централна Европа, објаснува Курц во интервју за агенцијата АПА.
Според неговата замисла, бегалците спасени од Средоземно Море треба да бидат директно враќани во прифатните центри во Тунис и Египет.
Двете земји, уверен е Курц, тоа ќе го прифатат доколку ЕУ им даде атрактивна понуда.
Во бегалските центри во северна Африка, според него, не би требало да постои можност за мигрантите да поднесуваат барања за азил.
- Тоа го сметам за погрешно, бидејќи доколку такво нешто се дозволи тогаш ќе води кон тоа луѓето од цела Африка да тргнат кон Египет или Тунис, рече Курц.
Единствениот легален пат воените бегалци да дојдат до Европа е програмата за преселување, според која, меѓународните организации ќе ги предлагаат луѓето во кризните региони за преселување.
Курц истакнува дека на тој начин со цел ќе им се помага на послабите, а не на оние кои можат за себе да си ги дозволи услугите на шверцерите.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Обединувањето на општеството, борба против криминалот и правда за сите
-
Филипче на средба со Сојузот на борците по повод 11 Октомври
-
Доделена наградата „11 Октомври“ за животно дело
-
Нов директор на неврологија во понеделник - Лекарската комора ќе го разгледува случајот со д-р Кузмановски
-
Од куќен, сопственикот на „Марковски компани“ оди во ефективен притвор
-
„Плусинфо“: Сомнеж за ексфункционери на СДСМ вмешани во привилегиите на дискотеката Пулс
-
Предизборни активности на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-
Ветувања за подобар живот во општините добија граѓаните од кандидатите