Курц: Австрија ќе помага за зајакнување на довербата во Европа
Австрија ќе се залага за надминување на размислувањата базирани на блоковски поделби и за зајканување на довербата во Европа, изјави австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, кој е и претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), по средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, јави ТАСС.
- Австрија по традиција е мост меѓу Истокот и Западот. Сакаме да помогнеме максимално брзо да биде вратено во минатото размислувањето базирано на блоковските поделби, кое одново оживеа во Европа, истакна Курц.
Тој нагалси дека ма европскиот континент му треба погоелма доверба и повеќе контакти за решавање на важните проблеми.
- Важно е да посветиме повеќе внимание на борбата против радикализмот и тероризмот. ОБСЕ може да направи многу за создавање на посигурни услови за живот на народите на нашите земји, нагласи Курц.
Тој нагалси дека на сребдата со Лавров станало збор за прашања од билатералната соработка, додавајќи дека за решавање на глобалните проблеми ќе биде потребно учество и на Русија.
Лавров од своја страна нагласи дека руско-австриските односи се исполнети со взаемно почитување и пријателски и конструктивен карактер, што било потврдено и минатата година кога во посета на Русија престојуваше тогашниот претседател на Австрија, Хајнц Фишер.
- Москва има интерес да се задржи континуитетот во односите со Австрија. Подготвени сме да ги развиваме односите и со претседателот Александар ван дер Белен, посочи Лавров.
- Денеска сакавме да го ислушаме австрискиот колега, кој оваа година ја предводи ОБСЕ. Ја проучивме програмата на австриското претседателство, сметаме оти е прагматична. Подготвени сме да помогнеме за нејзино успешно спроведување, дополни рускиот министер за надворешни работи.
Ново на Сител
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар
-
Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии
-
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија