-->
-->
Куп на Африка: 16 селекции во битка за трофејот
-->

Домаќинот Габон и Гвинеја Бисао, во сабота, ќе го отворат 31-то издание на Африканскиот куп на нациите, кој ќе се одржува до 5.февруари. Турнирот првично и беше доделен на Либија, но од безбедносни причини е префрлен во Габон, земја која во 2012 година беше организатор на завршниот турнир заедно со Екваторијална Гвинеја.
Натпреварите на Африканскиот куп, на кој титулата ќе ја брани репрезентацијата на Брегот на Слонова коска, ќе се играат во четири градови: Ливервил (стадион со капацитет од 40.000 седишта), Франсевил (22.000), Овем (20.000) и Порт Жентил (20.000).
Брегот на Слонова коска пред две години во финалето славеше на пенали против Гана, а овие две селекции и на шампионатото во Габон се наоѓаат меѓу фаворитите за титулата, заедно со Сенегал, Камерун и Алжир.
Најмногу титули шампион на Африка има Египет (седум), а по четири пати трофејот го освојувале Гана и Камерун.
Група А: Габон, Буркина Фасо, Камерун, Гвинеја Бисау
Група Б: Алжир, Тунис, Сенегал, Зимбабве
Група Ц: Брег на Слонова коска, ДР Конго, Мароко, Того
Група Д: Гана, Мали, Египет, Уганда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Села го напушти Ахмети – пратениците ќе делувале како независни
-

Поплави, одрони, вирови и отежнат сообраќај по обилните дождови во Македонија
-

Се излеа хемиска пена на булеварот во Автокоманда, Ѓорѓиевски соопшти дека го пронашле сторителот
-

Љубојно 100 дена со протести се спротиставува на сечата
-

Преглед на вестите од светот
-

35 лица седнуваат во судница, почнува судењето за пожарот во Kочани
-

ВМРО-ДПМНЕ бара реформирање во судството
-

Зголемен водостојот на Вардар и Радика, УХМР апелира на внимателност
