Кундерс: Договорот од Пржино целосно да се спроведе

Договорот од Пржино е многу важен и важно е целосно да се спроведе. Европа го поддржува тој договор, е пораката што денеска ја упати до политичките лидери министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс, кој се наоѓа во работна посета на Република Македонија.
- Вие подобро знаете од мене колку е важно да се има фер и кридибилни избори, пречистен список и подеднаков пристап кон медиумите. Македонија има долга традиција и историја, сте имале и претходно фер, демократски избори и затоа е важно да се спроведе договорот од Пржино за да се овозможи понатаму да се работи на европската перспектива, нагласи на денешната прес-конференција шефот на холандската дипломатија, по средбата со министерот за надворешни работи Никола Попоски.
На новинарско прашање како внатрешно политичката состојба е поврзана со мигрантската криза, министерот Кундерс истакна дека политичата криза во земјата не е директно поврзана со бегалската криза.
- Но, за сите наши држави е важно затоа што секаде се јавуваат тензии во однос на тоа како да се реши бегалската криза. Затоа важно е нашите земји да останат стабилни за да можеме да соработуваме на решавање на бегалското прашање. Во Европа, вклучително и во Македонија се соочуваме со предизвикот на надворешната безбедност и внатрешниот консензус, а ова е особено предизвик за Македонија. Затоа сметам дека вашата визија и желба за евроатлантска интеграција е поврзана со спроведувањето на договорот од Пржино, рече министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс.
Тој подвлече дека ја поддржуваат и работата на Специјалниот јавен обвинител.
- Таа треба да биде слободна да ја изврши својата работа. Сите треба да си помогнеме меѓусебно, порача шефот на холандската дипломатија, кој денеска ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството
-

Инспекторите на УЈП осомничени дека примале поткуп од сопственикот на кочанската дискотека
-

Стратегијата за образование денеска поставена на ЕНЕР - јавноста може да дава предлози и препораки
-

Отворен ресурсен центар за поддршка и развој на општините
-

Младите сакаат државата да влезе во Европската Унија но се повеќе губат надеж дека тоа ќе се случи наскоро
-

Се реконструира плоштадот Крушевска република
-

Четврти фемицид годинава, аларм за институциите
-

Преглед на вестите од светот
