Кумуцакос: Mора да се најде решение за прашањето за името

Мора да се најде решение за прашањето за името, изјави Јоргос Кумуцакос, кандидат за пратеник на Нова демократија и поранешен европратеник.
На предизборен настан во Атина, Кумуцакос, кој е шеф на одделот за надворешна политика на Нова демократија, зборуваше за приоритетите на грчката дипломатија и за начините на кои неговата партија би ја водела грчката надворешна политика доколку дојде на власт по изборите на 20 септември.
Тој нагласи дека главните отворени прашања со кои грчката надворешна политика се соочува со декади, се „проблематичните“ односи со Турција, кипарското прашање и „прашањето за името на Скопје“.
- Мора да се најде решение за овие прашања. И Нова демократија ќе работи за постигнување на оваа цел со целосна гаранција за националните интереси, нагласи Кумуцакос.
Ново на Сител
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
