-->
-->
Кумановските земјоделци аплицираат за субвенции
-->

Земјоделците од поширокиот кумановски регион се заинтересирани и поднесуваат барања за субвенционирање во подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.
Земјоделците од Куманово, Липково и Старо Нагорирачане најмногу аплицираат за субвенционирање за житни, градинарски култури, за овоштарство и сточарство, информира раководителот на подрачната единица на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Насер Даути.
- Земјоделците можат да поднесат барање и во електронска форма.Тие што не се во можност од нивните домови да поднесат барање, можат да аплицираат и во подрачната единица, но претходно треба да ги проверат податоците во единствениот регистар за земјоделски стопанства и да ги ажурираат податоците во ветеринарните друштва со кои сточарите имаат склучено договори, изјави Даути.
Земјоделците кои поднесуваат барања за финансиска помош од државата добиваат бесплатна помош во потполнување на апликациите од операторите во подрачната единица.
- Апелирам до земјоделците кои поднесуваат барање во електронска форма од дома, првин да ги проверат податоците посебно за крави, овци, пчели, кози со неофицијално барање. Со такво барање тие ќе бидат во можност да ја проверат бројката, бидејќи има промени на податоците за добитокот, посебно на ситниот добитокот, кој веќе не е регистриран во одгледувалиштето на подносителот, туку во друго одгледувалиште, поради продажба и движење во тековната година, објасни Даути.
Според податоците со кои што располага подрачната единица на Министерството за земјоделство во Куманово, во единствениот регистар на земјоделски стопанства евидентирани се над 6.000 земјоделци од регионот на трите општини, кои што секоја година аплицираат за различни мерки што се предвидени за субвенционирање од страна на Владата, преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој. Програмата за поднесување на барања во земојделството почна на трети јули, а ќе трае до 15-ти септември годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата ја продолжи постапката за разрешување на Коцевски - каков профил на човек му е потребен на ЈО?
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ
-

Филипче со петиција против мигранти - Мицкоски уверува додека е премиер Македонија нема да прима мигранти
-

Владата усвои предлог за разрешување на обвинителот Коцевски
-

Анкетна комисија за ,,Пулс"
-

Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-

За власта развоен, за опозицијата нереален буџет кој мириса на предвремени избори
-

4% инфлација во ноември: Храната и пијалоците за една година поскапеле за 5,4%
