Македонија
9. December 2025 - 16:36

4% инфлација во ноември: Храната и пијалоците за една година поскапеле за 5,4%

Трошоците за живот во ноември повисоки за 4% споредено со истиот месец лани, пресмета статистика. За една година поскапело речиси се, а храната и пијалоците бележат раст од над 5%.

Повторно се подгрева и месечната инфлација. Откако во септември и октомври беше -0,2%, во ноември пораснала на 0,5%. Ова е повисоко дури и од август кога месечната инфлација беше 0,2.

Од министерството за економија за Сител велат растот е умерен и очекуван.

- Важно е што ценовниот притисок останува ограничен и не укажува на потреба од итни, краткорочни интервенции. Во моментов нема потреба од нови краткоточни мерки, истовремено, остануваме внимателни, го следиме секое поместување во ценовните групи и сме подготвени да реагираме доколку настанат поголеми шокови или ризици за стандардот на граѓаните – велат од Министертвото за економија. 

Македонската годишна инфлација во ноември е речиси двојно повисока од таа во еврозоната, каде се измерени само 2,2%.

Инаку годинава забележана е највисока годишна инфлација од 5% во февруари, а најниска во април, кога беа измерени 2,6 отсто.