Куманово поплавено, граѓаните бараат одговорност од Циц
Кумановчани гневни, бараат одговорност од локалната власт и градоначалникот Зоран Дамјановски- Циц. Централното кумановско градско подрачје попладнево осамна под вода по невремето кое го зафати североистичниот дел на Македонија.
Невремето кое попладнево го зафати Куманово траеше близу половина час и беше проследено со силни електрични празнења и засилен ветер. Булеварот „Октомвриска револуција“ наликуваше на Венеција, целосно под вода, каде раѓаните сами ги отвориле шахтите за собирање на атмосферска вода.
По социјалните мрежи кружат фотографии од поплавеното Куманово. Граѓаните бараат одговорност од градската власт на чело со градоначалникот Дамјановски.
Кумановчани велат дека при секој дожд се соочуваат со слични проблеми, а Дамјановски веќе со години не презема ништо.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени