-->
-->
Кумановци на протест за чист воздух
-->
Стотина кумановци денеска на плоштадот излегоа на протест за чист воздух. Велат дека негрижата на локалните власти придонела до енормното загадување и затоа градот во последните денови е меѓу најзагадените во светот, заедно со Скопје. Посочуваат дека во секоја населба има по неколку диви депонии.
До градоначалникот ќе поднесат краткорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето.
Бараат рестриктивно возење автомобили, бесплатен јавен превоз, ваучери за велосипеди, пешачки зони...
Долгорочните барања се 5 отсто од буџетот да се намени за мерки против загадување, интензивна гасификација, купување автобуси на мазут, масовно пошумување на околината на градот.
Даниел Василев
-->
-->
-->