Куклиш доби нов парк
Заврши уредувањето на новиот парк во населеното место Куклиш. Жителите добија катче, комплетно уредено со урбана опрема, детски реквизити, осветлување и соодветно хортикултурно уредување, информираат од општина Струмица.
- Со изведбата на паркот во Куклиш заврши и уредувањето на последниот од предвидените пет паркови чија изведба започна во мај годинава. Покрај Куклиш, нови паркови, површини се уредени во населените места Просениково, Свидовица, Костурино и Муртино. Целата инвестиција на овие паркови е од околу три милиони денари, стои во писменото соопштение од општината.
Оттаму посочија дека локалните власти ќе продолжат со подобрувањето на условите за живот на граѓаните во населените места.
Истовремено, општината апелира до граѓаните од петте населени места да ги чуваат и одржуваат парковите, затоа што тие остануваат во нивна сопственост и за нивни потреби.
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование