-->
-->
„Куќата на мирот“ можно место за состанокот меѓу Трамп и Ким
-->
Американскиот преседател Доналд Трамп денеска навести дека „Куќата на мирот“, што се наоѓа на границата помеѓу Северна и Јужна Кореја, би можела да биде местото на состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
- Разгледуваме многу држави како место за состанок, но дали „Куќата на мирот“ на границата помеѓу Северна и Јужна Кореја, би била порепрезентативна, поважно место од некоја трета земја? Само прашувам!, напиша Трамп на Твитер.
Трамп вчера изјави дека средбата со Ким би можела да се случи во следните три или четири недели.
- Тоа е многу важен состанок за демуклеаризација на Корејскиот Полуостров, посочи Трамп.
Средбата Трамп - Ким е планирана за крајот на мај или почетокот на јуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци