Кубраков: Товарен брод со жито го напушти пристаништето Одеса по нов коридор по Црно Море, прв од 16 јули
Товарниот брод „Јозеф Шулте“ денеска го напушти украинското пристаниште Одеса, на брегот на Црното Море, преку новиот поморски коридор воспоставен од Киев и покрај руските закани, јавија денеска украинските власти.
„Бродот „Јозеф Шулте“ го напушти пристаништето Одеса и плови низ привремениот коридор формиран за цивилните бродови“, наведе Олександр Кубраков, украински министер за заедници, територии и развој на инфраструктурата на Украина.
Ова е прва пратка што го напушти пристаништето во Одеса од 16 јули, додаде министерот.
Русија се закани дека бродовите што пловат до или од украинските пристаништа по истекот на договорот за жито во јули ќе бидат потенцијални воени цели.
Како одговор, Киев најави дека ќе одговори на бродовите од украинските пристаништа окупирани од Москва.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати