КСС најавува генерален штрајк ако платите во образованието не бидат усогласени до 15-ти март
Или усогласување на сите плати со минималецот или генерален штрајк. Конфедерацијата на слободни синдикати и дава рок на Владата до 15 март да ги усогласи сите потребни закони со законот за минимална плата за да може сите плати соодветно да растат. Ако тоа не се случи ќе има израмнување на платите и тотален колапс на системот на исплата на плати.
Ако не се усогласат платите, утврдувањето на минималецот од 18.000 денари од победа, ќе се претвори во пораз. На овој начин само 10% од работниците ќе имаат бенефит, а повеќе категории работници ќе се изедначат со плати. Ако се почитуваат законите ќе има значително зголемување на платите, пример лекар наместо 35 како сега, ќе зема 72 илајди денари. Наставник во основно наместо сегашните 24 ќе добие 44 илјади денари плата. Затоа КСС вели Владата итно да направи ребаланс на буџетот и да покаже дека ги почитува законите.
Премиерот вели дека останатите плати се предмет на колективно договарање, а ако има недоследности тие треба да се пријават.
Пред КСС, со штарјк се закани и УПОЗ кои исто така бараат усогласување на платите за да не дојде израмнување на повеќе категории работници.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар