-->
-->
Ксавиер Темс повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром
-->
Американецот Ксавиер Темс повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска беше потпишан спогодбен раскин на договорот.
Иако Темс имаше актуелен двегодишен договор со МЗТ Скопје, уште по завршувањето на минатата сезона изрази желба да си замине од Македонија.
Управата на клубот изминативе месеци направи за да го предомисли и задржи Американецот во своите редови, но очигледно залудно. Според информацијата која ја објавија аеродромци, Темс сакал да настапува во, според него, посилно првенство и бил цврсто решен да ја прекине соработката дури и по цена да паузира.
Откако не успеаја убедувањата, раководството на „металците“ ја одреди цената на отштетата, која Американецот денеска ја уплати на сметката на клубот по што доби раскин на договорот и сертификат за да може да настапува во нова средина.
Според информациите од Израел, од денеска тој е нов член на екипата на Бнеи Херцлиа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хеликоптерот што се урна во Вашингтон бил дел од единицата за безбедно евакуирање американски официјални лица
-
Данците во проблеми пред финалето, се повреди најдобриот светски ракометар
-
Обвинителството бара притвор за 42-годишната жена која вчера со автомобил удри во пешак
-
Малолетничка од Скопје физички нападната од таткото и братот
-
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете