Обвинителството бара притвор за 42-годишната жена која вчера со автомобил удри во пешак
Основното јавно обвинителство од Скопје бара мерка притвор за 42-годишната жена која вчера со возило удрила во 38-годишен пешак.
Осомничената се товари за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ од член 297 став 1 и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ од член 301 став 1 од Кривичниот законик.
- Осомничената 42-годишна скопјанка на 31 јануари управувала со автомобил „цитроен Ц1” со скопски ознаки по булеварот „Кузман Јосифовски – Питу”. Кога дошла до крстосницата со улицата „Бојмија” и пешачки премин, не ја прилагодила брзината доволно за да може да го запре возилото, да ги пропушти и да не ги загрози пешаците кои веќе поминувале на пешачкиот премин. Затоа со автомобилот осомничената удрила во телото на 38-годишен пешак, кој од ударот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар каде му била укажана помош, па бил пуштен на домашно лекување. Осомничената, по несреќата, веднаш го напуштила местото без да му укаже помош на повредениот што исто така е кривично дело кое и се става на товар, информираа попладнево од Јавното обвинителство.
За осомничената се бара мерка притвор бидејќи побегнала од местото на настанот без да и помогне на жртвата и подоцна не се пријавила сама.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара притвор за 42-годишната жена која вчера со автомобил удри во пешак
-
Малолетничка од Скопје физички нападната од таткото и братот
-
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст