Крводарителска акција на министерот Спасовски и припадниците на МВР по повод 7 Мај – Ден на полицијата
Денеска, (06.05.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со вработени во Министерството за внатрешни работи, а по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, даруваше крв во седиштето на МВР.
Врз основа на Меморандумот за соработка потпишан од страна на Министерството за внатрешни работи, Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот Крст на Република Северна Македонија и согласно Законот за безбедност во снабдување со крв и во 2022 година, продолжува континуираната соработка за доброволно дарување на крвни единици.
Активноста се одвива плански и во организација на Единицата за стратешко планирање стандарди и контрола на квалитет согласно изготвена Телеграма - План за организирани доброволни крводарителски акции во организациските единици на МВР.
По повод одбележувањето на 7 - Мај денот на полицијата се организирани доброволни крводарителски ации за вработените во МВР и тоа во седиштето на МВР и во СВР Штип СВР Битола и СВР Тетово ќе се дарува крв во Регионалните центри за трансфузиона медицна.
Министерот Спасовски како редовен крводарител, и во оваа пригода оддаде признание на припадниците на МВР коишто по претходно направен план се дел од бројните крводарителски акции, а воедно упати и повик до граѓаните за подигање на јавната свест за хуманиот чин на дарување крв преку приклучување во крводарителските акции со кои може да се спаси човечки живот.
Хуманоста во МВР продолжува!
Ново на Сител
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час