Крвав масакр во Србија: Во напад со автоматско оружје убиени 5 лица, најмалку 20 ранети!

Пет лица се убиени, а 20 ранети ноќеска во местото Житиште, крај Зрењанин, кога лицето З.С. (38) влегло во кафулето „Макијато“ и истрелало повеќе куршуми од автоматско оружје, соопшти српското МВР, а пренесе Танјуг.
Тешкото убиство се случило околу 01.40 часот, а З.С. испукал повеќе истрели од автоматското оружје и притоа ја убил својата сопруга и уште едно женско лице, по што продолжил да пука врз сите кои во тој момент се наоѓале во кафулето, наведува МВР.
Припадници на Министерството за внатрешни работи го уапсиле З.С, а увидот е се уште во тек, се наведува во соопштението.
Четири лица се здобиле со тешки повреди, а меѓу ранетите најмалку тројца се малолетници.
Љубоморниот маж пукал од калашњиков и притоа ја убил својата сопруга и веројатно нејзината пријателка.
Од петте жртви две починале на лице место, а три на повредите им подлегнале во зрењанинската болница.
Повредените се згрижени во зрењанинската болница, додека три лица се префрлени во Клиничкиот Центар Војводина , а едно во Сремска Каменица.
Припадниците на полицијата и натаму го истражуваат објектот, а се очекува и доаѓање на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
До убиството дошло за време на традиционалната манифестација „Пиле фест“.
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
