Кривопаланечките пензионерки се подготвуваат за Пензионерска олимпијада
Пензионерките од Крива Паланка, членки на активот на жени пензионерки, активно се подготвуваат за Државните пензионерски спортски игри кои ќе се одржат во сабота, 2 септември, во Кочани.
Четиричлена екипа од Здружението на пензионери Крива Паланка ќе настапи во дисциплината фрлање на кош, во која се актулени прваци од минатата година.
- Ги интензивиравме подготовките деновиве, но вежбаме активно речиси цело лето. Ќе се натпреваруваме во фрлање на кош, откако бевме најдобри на регионалните игри. Возраста не е пречка, а енергијата и волјата надополнети со спортски дух можат да поместат и планини. Ние, поместувајќи ги границите на својата доба, трета доба и пензионерски дни, сакаме да им послужиме како пример на помладите, да бидат активни постојано, рече Анка Стојановска, претседател на активот на жени пензионерки и капитен на тимот.
Покрај Стојановска, во тимот ќе настапат Шана Георгиевска, Вера Богдановска и Рушка Митовска.
- Годинава се подговтуваме со уште поголем елан и желба, со надеж дека ќе ја одбраниме титулата, дополни Стојановска.
Секретарот на Здружението на пензионери од Крива Паланка, Благоја Николовски посочи дека минатата година по одличниот успех на пензионерките, но и второто место на државно ниво на пикадо-тимот, донесена била одлука за доделување парични награди за спортистите кои освоиле медали до пензионерските олимпијади, како стимул за останатите пензионери до двете општини, околу 3.000 на број.
Олимпијадата за пензионери ќе се одржи во сабота, а домаќин е Здружението на пензионери од Кочани.
Кон крајот на септември кривопаланечките пензионери ќе настапат во седум дисциплини на ревијалните спортски регионални игри, кои ќе се одржат во Пробиштип.
Ново на Сител
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче