Кривични пријави за тројца кавадарчани за предизвикување општа опасност

Против тројца кавадарчани ќе бидат поднесени кривични пријави поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“ и барање за поведување прекршочна постапка за сторен прекршок во делот на јавниот ред и мир „карање, викање, дрско и непристојно однесување“. За ова денеска информираше Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
- На 28 јуни во времето од 00.25 до 00.50 часот во кафе бар „Рома кафе“ лоциран на улица „Илинденска“ бб во Кавадарци, лицата М.Ј (1981), В.Ј. (1985) и Р.Е. (1978) сите од Кавадарци, предизвикале општа опасност на место каде што се собираат поголема група на граѓани и се однесувале дрско и непристојно, на тој начин што со мотори влегле во кафе барот каде ги паркирале и при тоа правеле бучава, изјави Стојковска.
Лицата биле повикани во полициската станица во Кавадарци и во тек е документирање на случајот.
- На пријавените издадени им се прекршочни платни и мандатни налози за сторени повеќе прекршоци од делот на сообраќајот како „движење со возило преку површина наменета за пешаци“, „управување нерегистрирано возило“, „управување возило со неположена соодветна категорија за возилото“, соопшти Стојковска.
Ново на Сител
-

Радев соопшти дека мандатот за формирање нова влада на Бугарија ќе го даде по Нова Година
-

Тошковски на симулациска показна вежба за повреди предизвикани од петарди
-

Почина поранешниот норвешки селектор Оге Хајреде
-

Уапсен тетовец, возел со 1,90 промили алкохол во крвта
-

Москва: Правото и здравиот разум надвладеаја во договорот на ЕУ за Украина
-

Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово со измерени -4
-

Денеска се празнува Свети Никола Чудотвроец, архиепископ Мирликијски
-

Спроведени 262 контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности
