-->
-->
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-->
Денеска (13.04.) во 03.41 часот на ул.„Гоце Делчев” во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода П.Ј.(22) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле П.Ј. кој што управувал патничко возило „Сеат” со штипски регистарски ознаки, и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител. П
о целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ – „безобѕирно управување со моторно возило”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборни активности на независните кандидати и помалите партии
-
Со 10.000 бруцоши почна новата академска година
-
Вработените во Паркови и зеленило добија плата, останатите утре пак ќе протестираат
-
Бизнисот испорача барања до Владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Протести го отежнаа сообраќајот во Скопје
-
Одложено судењето за „Онкологија“
-
Почна академската учебна година