Кривична пријава за претседателот на Студенскиот парламент на УГД
СВР Штип поднесе кривична пријава против 27-годишниот Г.С, претседател на Студенскиот парламент на Универзитетот „Гоце Делчев“ поради основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Тој во периодот од 1 јануари 2013 година до 31 мај годинава на повеќе правни лица од кои вршел разни набавки и на повеќе физички лица незаконски од сметката на Студенскиот парламент, од собраните парични средства од студентите кои ги уплаќале при заверка на семестар, им исплатувал средства во вкупен износ од 5.628.117 денари.
Искористувајки ја својата службена положба и овластување во овој период на повеќе правни и физички лица незаконито им исплатил вкупна сума во износ од 1.409.232 денари , на тој начин што плаќањата ги вршел врз основа на фиктивна книговодствена документација.
Во неколку наврати противправно за себе присвоил вкупна сума во износ од 509.071 денари ,на тој начин што од сметката на Здружението на неговата лична трансакциска сметка и на сметката на неговата фирма ,,Гомакс Уно“ противправно префрлил парични средства.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор
-
Азир Алиу: Државата во целост ќе го финансира понатамошното лекување на повредените во „Пулс“
-
Три села во Општина Кривогаштани оставени 2 месеци без вода на пеколни горештини, никој не им помага