Кривична пријава за поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Љ.Ј.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во периодот од јануари до септември 2019 пријавениот, како управител на деловен субјект од Скопје, кое со Централниот регистар на Р.С.Македонија имало склучено договор за користење на дистрибутивниот систем, недозволено автоматизирано извршувал системски команди кои му овозможувале за исти производи и исти податоци од претходно направените нарачки да прави нови нарачки во позадински систем и од него да добива нови податоци.
Притоа, тој целосно ги заобиколувал контролите за наплата, односно податоците од нарачките ги добивал без надомест, со што го оштетил Централниот регистар на Р.С.Македонија за 33.402.238 денари.
Ново на Сител
-
Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна
-
Анализа: Како техонологијата може да ви го спаси животот
-
Србија не се смирува, протестите продолжуваат
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови
-
Мицкоски во касарната ,,Гоце Делчев"
-
Преглед на вестите од светот