Македонија
29. January 2025 - 17:03

Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите

Ригорозни контроли во маркетите и итна реакција од терен, побарал премиерот Мицкоски од надлежните, за да проверат дали трговците покрај законскиот рабат од 10 отсто, барале и дополнителен од 30 до 40%. Законот за нефер трговски практики веќе е на сила, рабатот кој се бара од производителот или добавувачот не смее да надмине 10 отсто. Ако се утврди спротивното, ќе следуваат казни.

„Денеска тие маркети ќе подлежат на ригорозна контрола бидејќи според информациите со кои располагаме има околу 20 илјади коминтенти по синџир на маркети и ќе треба длабоко да се навлезе во тоа да видиме дали постојат вакви индиции“, вели премиерот Мицскоски

До Комисјата за заштита на конкуренција веќе стигале претставки од производители и добавувачи, кои се пожалиле дека трговците им барале рабатите кои го добивале до лани, да продолжат и годинава. Согласно законот, пари за реклами , за промоции, за истакнување на производот на одредено место веќе не смее да има. Но, и покрај ова, некои маркети им барале парите за маркетинг да продолжат, ако сакаат да им ги продаваат производите. Од КЗК апелираат – да се пријавуваа несовните трговци, за да можат да казнуваат
 
Поради високите цени во маркетите, за во петок најавен на бојкот од страна на граѓаните го поддржаа и власта и опозцијата. Свесни се дека трговците претерале со нереалано пумпање на цените, за на крај, цехот да го платат граѓаните.

Од СДСМ повторија дека власта е виновна за високите цени на производите. Согласно податоците, сите маркети до 2023-та имаа раст и на приходите и на добивките. На дел од нив, профитите за една година им се зголемени и до 50 отсто.