Кривична пријава за пет лица поради фалсификување пари
Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово во село Ранковце, вчера ги лишиле од слобода А.А. (31) од Скопје, И.М. (23) од Крива Паланка, Д.С. од Скопје, М.А. (24) од Скопје и З.Р. од Скопје поради фалсификување пари.
Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека извршиле кривично дело „фалсификување пари" предвидено и казниво по член 268 од Кривичниот законик, така што во месец февруари стапиле во контакт со лице од Скопје кое им понудило фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и за сума од 18 000 денари од истиот купиле девет фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра.
-Во месеците февруари и март во пет наврати во Куманово и Крива Паланка купувале производи од различни правни субјекти, по што се стекнале со противправна имотна корист од 500 евра. Лицата се лишени од слобода во полициска станица каде комплетно е документиран кривично-правниот настан и поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка на сите пет лица им е определен 30 дневен притвор, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец