Кривична пријава за дебранец за „пустошење на шума“
Полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против А.Л.(46) од дебарското село Џепиште поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „пустошење на шума“.
Како што информира денеска МВР, пријавениот од мај до јуни минатата година, спротивно на Законот за шуми и без одобрение за сеча на дрва, издадено од надлежен орган, извршил сеча на околу 200 стебла дабови дрва. Сечата е направена во дебарската месност „Коста корија-Врабич“, каде од катарстарски парцели со шума, сопственост на Република Македонија неовластено се исечени околу 60 метри кубни дабови дрва.
Целокупната пресечена дрвна маса, пријавениот А.Л. нелегално ја присвоил и ја продал. Тој, оштетувајќи го Јавното претпријатие „Македонски шуми“, се стекнал со противправна имотна корист од 144 илјади денари.
Ново на Сител
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините