Кривична пријава против тројца скопјани за злоупотреба на службената положба
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П.(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото за метеорологија поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
– Н.П. изготвил и потпишал потврда за отворање на постапка за идентификација, со која на жител од Кичево, лице му потврдил статус „Државјанин на РМ кои се враќаат од странство“ а која се однесува за товарно возило кое не ги исполнувало законски предвидените ЕУРО стандарди а потоа в несол податоци од негов колега без негово знаење и согласност. М.Т. како раководител во Бирото за метрологија ја потпишал изготвената потврда без да се увери дека нема потпис од изготвувачот иако, копијата од странската сообраќајна дозвола не била заверена на нотар. И.Т. во својство на помошник раководител во Бирото, нелегалната потврда ја потпишал и ја заверил со службен печат од Бирото за метеорологија информира портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски.
Ново на Сител
-
Без вода дел од Аеродром
-
Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето
-
Скапите станови го менуваат пазарот за закупи
-
Трамп им се обрати на Американците: Ова е мрачен момент за сите нас
-
Локални избори 2025: Последен ден за увид во Избирачкиот список
-
Пукање во средно училиште во САД, двајца ученици повредени, вооружениот напаѓач мртов
-
Мало дете почина, шест други се повредени откако автомобил се урна во градинка во Канада
-
Без струја корисници во село Бањани