Кривична пријава против 75-годишна жена за предизвикување пожар во атарот на село Волче

Против 75-годишна скопјанка е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сторила кривично дело „предизвикување општа опасност“. Таа е осомничена дека на 16-ти овој месец предизвикала пожар во атарот на селото Волче во општина Македонски Брод.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 75-годишната С.Б. на 16-ти овој месец околу 9 часот во нејзината нива на местото викано „Ограда“ запалила гранки од цреша со намера да го исчисти местото, но откако ги запалила гранките, си заминала во нејзиниот дом во селото Волче. По десетина минути од запалениот оган настанал пожар којшто се проширил кон куќите во селото зафаќајќи тревната површина, дрва и гранки, а поради жешкото време и силниот ветер огнот се проширил на голема површина со неможност за контролирање.
Од предизвиканиот пожар целосно изгореле една куќа, една плевна и делумно се опожарени кровни конструкции на уште една куќа и една викендица.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се обрати на потпишувањето на договорот за поддршка на претпријатија за зелено работење
-

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев
-

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
-

Пуштени во продажба билетите за баражот против Данска
-

И во Кочани протест со палење гуми поради одземање на возила од полиција
-

Одземени возила од полицијата - причина за блокада на обиколницата над Битола
-

Во Полска приведен наводен руски шпион, кој повеќе од 30 години работел во Министерството за национална одбрана
-

На ГП „Блато“ уапсен македонски државјанин, се обидел да избега со автомобилот, загрозувајќи ги животите на полицајците
