Кренал товар од 500 килограми, па се онесвестил
Еди Хал од Њукасл е првиот човек на светот што крена товар од 500 килограми, но набрзо потоа се онесвести.
Хал, кој е познат под прекарот Ѕвер, изминатиот викенд постигна неверојатен успех, но призна дека за малку тоа и не го убило.
Тој во „Лидс“ арената заедно со уште двајца кревачи на товар успеале да кренат 465 килограми. Охрабрен од успехот, Хал побарал на тегот да му се додадат уште плочки. Но, при следниот обид, кога масата на товарот изнесувала половина тон, преголемиот напор му предизвикал пукање на крвни садови во главата и тој се онесвестил.
- Многумина се смееја и не веруваа дека ќе успеам. Им докажав дека грешат, иако за малку тоа ќе ме убиеше. Притисокот врз моето тело беше неверојатен, ми потече крв од носот и се онесвестив. Не е здраво да се прават вакви работи. Сепак, успеав. Сигурен сум дека некое време ќе бидам впишан во историјата. Тоа е убаво чувство, изјави 28-годишниот рекордер.
Еди Хал има сопруга, Александра, и две деца. Неговата наредна цел е учество на изборот „Најсилен човек на светот“.
Ново на Сител
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација