Кремљ: Русија е блиску до протерување на украинските сили од Курск
Рускиот претседател Владимир Путин вчера го посети западниот руски регион Курск за првпат откако украинските сили зазедоа дел од територијата во регионот.
Путин, облечен во воена униформа, го посети контролниот центар во областа Курск што го користат руските сили, објави руската државна телевизија.
– За волја на вистината, во најкус можен рок треба конечно да го победиме непријателот кој е вкоренет во Курската област и се уште спроведува одбранбени дејствија овде, рече Путин во своето обраќање до рускиот воен врв.
Валери Герасимов, началникот на рускиот Генералштаб, го информира претседателот дека украинските сили во областа Курск сега се опколени.
– Во тек е нивно систематско уништување, рече Герасимов.
Но, командантот на украинската армија, Олександр Сирски, на Фејсбук објави дека борбите продолжуваат во предградијата на градот Суџа и дека украинските сили ќе продолжат да дејствуваат таму „се додека тоа е неопходно и има смисла“.
Ново на Сител
-
Мисајловски на средба со генералот Бардуани: Македонија ќе продолжи да биде столб на безбедноста на Балканот
-
Герасимовски: Поставени шест куќи засолништа за бездомни животни во Паркот на Франкофонијата
-
Трамп: Кина мора да ги снабдува САД со магнети или ќе се соочи со царини од 200 отсто
-
Приведен 18-годишник од Кичево, удрил во пешак кој подоцна починал
-
Поп Ацев е петтиот Македонец што го преплива Ла Манш
-
Сибиха: На Украина ѝ се потребни воени и дипломатски гаранции
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош