Балкан
2. јуни 2016 - 16:57

Му се вовлекол поскок во колата: За негова среќа успеал да се спаси!

Женка поскок се сокрила под хаубата на паркиран автомобил, а за среќа на возачот не го каснала додека ги чистел лисјата од моторот. Иван Укич (20) од Сплит вели дека змијата била долга околу еден метар.
 
- Дојдоа двајца другари. Еден од нив ја отвори хаубата за да ги отстрани лисјата. Неколку пати со раката ја допрел змијата, а кога сфатил за што се работи, од страв буквално скокнал на страна од автомобилот. Дојде еден сосед и ни кажа дека тоа е женка, да не ја допираме бидејќи има поголемо количество на отров од мажјаците, кажал Иван.
 
- Мојата мајка веднаш се јави во полиција, а од таму кажаа да ја пуштиме односно ништо да не правиме. На крајот самата замина, завршил Иван.