Кремљ: Рискантна одлука на САД за укинување на ограничувањата за испорака на оружје за сириските бунтовници

Рискантна е одлуката на САД да укине одредени ограничувања за испораки на оружје за сириските бунтовници, бидејќи тоа оружје може да заврши во рацете на терористите, соопшти денеска Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинариите им соопшти дека, доколку се оствари ова сценарио, тоа ќе претставува закана за Блискиот исток и руските сили во Сирија, пренесуваат британските медиуми.
Зборувајќи за американско-руските напори за постигнување договор за воспоставување на безбеден излез за бунтовниците од источниот дел на Алепо, Песков рече дека се надева дека таквата спогодба може да се постигне.
Тој, меѓутоа, укажа дека разговорите за ова прашање се „сложени и несигурни“, пред се, токму заради одлуката на САД за укинување на ограничувања.
Ново на Сител
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
-

Почна судењето за ,,Пулс"
-

За СДСМ судењето за Кочани е тест за зрелост, од ВМРО-ДПНЕ очекуваат правда
-

ВМРО-ДПМЕ ги повика судиите и јавните обвинители да си ги заработат платите, Филипче бара фокус на реформската агенда
-

Втора рунда интервјуа за нов претседател на Антикорупциска
-

Од следната недела ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките од странство до 22 евра
-

Села го напушти Ахмети – пратениците ќе делувале како независни
