Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот
Кремљ официјално потврди дека Русија се согласила на ограничен прекин на огнот во Црно Море.
Но, Русија договорот го условува со укинување на санкциите за руските банки вклучени во меѓународната трговија со храна и ѓубрива и со поврзување со Свифт – системот, кој овозможува сигурна финансиска комуникација меѓу банките.
Тоа значи дека Русија практично бара укинување на санкциите за нејзините банки, производителите на храна, извозниците и осигурителните компании вклучени во извозот на храна пред да стапи во сила примирјето во Црното Море.
Претходно, Белата куќа соопшти дека САД постигнале договор со Украина и Русија да се обезбеди безбедно поморство во Црно Море и да стапи во сила забраната за напади врз енергетската инфраструктура во двете земји.
Во соопштението се наведува дека САД ќе помогнат да се врати пристапот на Русија до глобалниот пазар за извоз на земјоделски производи и ѓубрива, да се подобри пристапот до пристаништата и до платежните системи.
Ново на Сител
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември
-
Светска банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,1% годинава
-
Македонија од денеска во СЕПА, плаќањето кон ЕУ поевтино