Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
Кремљ го прифаќа извинувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ поради грешката при гласањето за „антируската резолуција во Генералното собрание на Обединети нации, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
-Секако, го слушнавме извинувањето и го прифаќаме. Се случуваат технички грешки и таквата брза реакција на шефот на државата многу не импонира, посочи Песков.
Вучиќ синоќа изјави дека Србија при гласањето за европската резолуција за Украина гласала „за“ усвојување, но оцени дека била направена грешка и оти требало да биде воздржана.
-Мислам дека Србија згреши денеска. За тоа им се извинувам на граѓаните на Србија и ја преземам вината, бидејќи веројатно сум уморен и оптоварен и не можам да стигнам се. Објаснувањето што го добив по гласањето во ОН, каде што, за да биде јасно за што се работи, гласавме за европската резолуција. Што се однесува до американската резолуција, гласавме токму онака како што треба, се воздржавме. Според мене, требаше да се воздржиме и за европската резолуција, изјави Вучиќ синоќа на ТВ Хепи.
Ново на Сител
-
Приведен 21-годишен кумановец, возел со 1,52 промили алкохол во крвта
-
Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, парите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Премиерот Мицкоски упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-
Во земјотресот во Мјанмар, кој беше почувствуван во Тајланд, во Бангкок загинаа 18 лица
-
Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во следните месец дена
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд