Свет
29. March 2025 - 18:38

Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа

Делумното затемнување на Сонцето денеска беше видливо од поголемиот дел од Европа и делови од Северна Америка и Африка.

Околу 20 отсто од површината на Сонцето беше покриена од Месечината, но поради облаците на небото неможеше јасно да се види, објави Дојче веле.

Делумно затемнување на Сонцето беше видливо денеска од источниот брег на Северна Америка, Гренланд, поголем дел од Европа, северна Русија и делови од северозападна Африка.