Кремљ: Анкара да ја објасни изјавата на Ердоган
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска наведе дека Москва е изненадена од изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека турските сили се присутни во Сирија со цел да го турнат режимот на претседателот Башар ал Асад, поради што очекува објаснеување од Анкара.
- Оваа изјава е навистина новина за нас. Тоа е сериозна изјава и се разликува од претходните, како и од нашето видување на ситуацијата. Се надеваме дека нашите турски партнери ќе ни дадат некакво објаснување за тоа, истакна Песков.
Ердоган вчера во говор нагласи дека мисијата на ОН во Сирија била неуспешна, додавајќи дека турското испраќање тенкови, борбени возила и специјални сили во Сирија во август, било последица на огорченоста на Турција.
- Тука сме поради правдата, тука сме да ставиме крај на улогата на суровиот Асад, кој го шири тероризмот, порача Ердоган.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи