Креативни тури за деца низ Кратовската околина

„Дестинација -креација" е насловот на серијалот креативни тури низ Кратово и околината, атрактивните културно-историски знаменитости и атракции на овој крај кои на почетокот на август ќе ги реализира Буден театар, за дечиња над седумгодишна возраст од Кратово, Куклица и Злетово.
- Креативните четиричасовни тури ќе бидат спроведени од 4 до 8 август, а повикот за резервација на места во автобусот на „Дестинација-креација " е отворен. Планирани се еднодневни активни тури во кои преку креативни активности дечињата ќе имаат можност одново да ги откријат местата од својата околина низ: истражување на природните убавини и атракции во Кратово и околината, и нивно преоосмислување преку стимулативни игри и креација, дружба со обучени и искусни уметници и фасилитатори. Турите ќе бидат снимани и продуцирани во вид на културно-едукативни серијали за деца, информираат од „Буден театар".
Заинтересираните може да се пријават на следниот меил: trianglesofcooperation@gmail.com со назнака „Креативно Кратово", а бројот на деца е ограничен на 20 во една тура. Пријавувањето може да биде за една или повеќе тури, а предност ќе имаат пријавените за сите пет дена.
Креативните тури се продолжение на активностите кои преку проектот „Триаголници на соработка” Буден театар ги спроведува во Преспа и Кратово. Досега се спроведени обуки за реализација на креативни програми за деца, реализирани 42 креативни работилници за деца и прикажани се шест гостувања на претстави на Буден театар.
Проектот е поддржан од Швајцарска амбасада во Скопје, а локални партнери се општините Кратово, Ресен и Пробиштип, Музејот на град Кратово, Домовите на култура во Кратово и Ресен, основните училишта во селата: Крилатица, Злетово, Крани и Подмочани, како и граѓанските организации Акција Плус – Ресен, Изида – Ресен, и Регионален центар за одржлив развој.
„Буден тетатар” од Скопје е независен театарски колектив кој се залага за развој на локалната културна сцена преку продукција на театарски претстави, креативни работилници за деца, едукација за професионална надоградба, проекти насочени кон локален развој. Основач е на „Фенер” – Меѓународен фестивал на детски театар.
Ново на Сител
-

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе го одржи петтиот партиски конгрес
-

Прегазен пешак во центарот на Скопје
-

Без вода утре делови од општина Центар
-

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“, утре првични информации за причините за стомачните тегоби кај учениците
-

Казни за картелско здружување
-

Состојбата со врнежите во моментот стабилна, ЦУК апелира до возачите да имаат зимска опрема и доволно гориво ако патуваат
-

Приведени криумчари од Египет и Сирија, пронајдени десет мигранти од Кина
-

Еден војник загина и еден е сериозно повреден од експлозија на рачна граната за време на обука на грчкиот остров Родос
