Кралицата Елизабета на вечера во паб во Шкотска
Британската кралица Елизабета која ретко може да се види во јавни ресторани, овој викенд беше на вечера во еден паб во шкотскиот град Единбург.
Како што јавија британските медиуми, Нејзиното Височество во петокот вечерта со малобројна придружба вечераше во пабот „Шип Хејд Ин“ во квартот Дадингстон.
Кралицата Елизабета многу ретко се појавува во ресторани, но 650 години стариот паб е поврзан со кралското семејство уште од 16. век. Имнео, шкотскиот крал Џејмс Шести во 1580 година на тогашниот сопственик на пабот му подарил трофеј со глава на овен.
Се верува дека тој и негоата мајка, кралицата Мери повеќе пати доаѓале во пабот и се забавувале во неговиот двор.
Во знак на благодарност кралот на сопственикот му го подарил необичниот трофеј, кој 300 година останал во сопственост на семејството пред да биде продаден на аукција.
Потпаролот на „Шип Хејд Ин“ изјави дека „може да потврди дека кралицата била во пабот“, но одби да зборува за деталите поврзани со кралската вечера.
Сепак, во јавноста се шпекулира дека кралицата со нејзиниото друштво уживаше во две порци јагнешко и филе од бранцин.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата