Ковид-19: Над 10.000 починати во Њујорк
Бројот на починати од коронавирусот во Њујорк, најголемото жариште во САД, ја надмина бројката од 10.000, откако здравствените власти додадоа повеќе од 3.700 лица за кои се сомнева дека починале од Ковид-19, но не биле тестирани.
Ова е вознемирувачко зголемување на стапката на смртност во Њујорк, со што се зголеми вкупниот број на починати во САД за дури 17 проценти, пренесува Њујорк Тајмс.
Здравствените власти во Њујорк забележаа уште еден мрачен факт: епидемијата веројатно индиректно довела до зголемување на смртноста кај граѓаните кои можеби никогаш не биле заразени. Во Њујорк, во периодот помеѓу 11 март и 13 април, починале три илјади повеќе отколку во истиот временски период во „нормална“ година.
Иако овие смртни случаи не биле експлицитно поврзани со вирусот, до нив можеби не би дошло доколку не се појавеше епидемијата, делумно затоа што здравствениот систем е потресен и окупиран од случаи на коронавирус.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот