Ковачевски: Вредностите врз кои почива ООН, нека се водилка за обезбедување мир во светот

Премиерот Димитар Ковачевски со објава преку својот Фејсбук профил упатува честитки до сите земји членки на Организацијата на Обединетите нации и генералниот секретар Антонио Гутереш по повод 24 Октомври - Меѓународниот Ден на Обединетите нации.
Ковачевски во честитката порачува решавањето на конфликтите без насилство, хуманоста, заедништвото и сплотеноста, вредности врз коишто почива ООН, нека се водилка за обезбедување мир во светот и благосостојба на сите народи.
-Концептот на негување на заложбите за почитување на човековите права, борбата против тероризмот, климатските промени, одржливиот економски развој и обезбедувањето на светскиот мир и безбедност веќе 78 години е активен на меѓународната сцена. Патот на мирот и безбедната иднина е единствениот правилен избор во овие моменти кога човештвото е исправено пред бројни предизвици, напиша премиерот Ковачевски.
Во 1947 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласил 24 октомври, годишнината од Повелбата на Обединетите нации, како денот „што ќе биде посветен на објавувањето на целите и достигнувањата на Обединетите нации на луѓето во светот и добивање на нивната поддршка“ за нивната работа.
Во 1971 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвоило дополнителна резолуција (Резолуција на Обединетите нации 2782) со која се прогласува Денот на Обединетите нации да биде меѓународно одбележување или меѓународен празник што препорачува дека треба да се одбележува како државен празник од страна на земјите членки на Обединетите нации.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ ја „освои“ Атина и 101.турнир во својата кариера
-

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката
-

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември
-

Договор Унгарија-САД: Изземање од санкции за руски енергенси, Будимпешта купува американски ЛНГ
-

Протест во Тузла, се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички
-

Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
