Македонија
3. October 2023 - 20:01

Ковачевски: Во ДПМНЕ има еден мал Груевски и еден голем Груевски

Кога ќе ги погледнете ставовите ќе видите дека таму (во ДПМНЕ) се работи за мал Груевски и голем Груевски бидејќи немаат различни политички ставови во однос на изолацијата на државата. Јас не можам да се мешам во друга политичка партија, меѓутоа курсот што го имаат воопшто не се разликува од тоа што беше 11 години, ја држеа државата во изолација, рече претседателот на СДСМ во интервју на Сител Телевизија на прашање за актуелниот судар меѓу Мицкоски и Груевски.

-Има една друга димензија целата таа работа. Кога ќе ги погледнете тие нивни ставови таму вие може да видите дека се работи за мал Груевски и голем Груевски. Бидејќи тие немаат различни политички ставови во однос на изолација на државата, во однос на неносење на одлуки, во однос на неинтегрирањето на државата во ЕУ, немаат никакви разлики во своите политички постапки. Вие погледнете го ставот на сегашниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, тој е против интеграција на државата во ЕУ, тој цело време наоѓа изговори. Нема став, не покажува одлучност и веројатно поради тоа им се отвора таа дебата во однос на тоа кој е малиот кој големиот Груевски во ВМРО – ДПМНЕ, рече Ковачевски.

Претседателот Ковачевски додаде дека со поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски немал никаква комуникација и дека немало никакви преговори со никој од ВМРО – ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста - СДСМ