Ковачевски: Скопјани ќе имаат парно во декември
Набавен е гас од „Макпетрол“ за цел декември за потребите на топланите во Скопје, а за декември е потпишан и договор за користење на топлинската енергија од ТЕ-ТО за затоплување на системот, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.
– Вчера се водеа разговори со менаџерскиот тим на „Скопје Север“ и сметам дека по потпишувањето на договорот за деловно техничка соработка со ЕСМ сите граѓани во Чаир и Бутел ќе добијат затоплување преку ЕСМ како што добиваат и сите други граѓани досега во градот Скопје, рече Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата одговарајќи на прашање.
Тој изрази жалење за тврдењата во медиумите дека навреме не е набавен гас за декември.
– Гасот беше набавен и пред шпекулациите кои се појавија во медиумите. Жал ми е што одредени медиуми извадија наслови дека нема гас иако имаа одговор на новинарско прашање дека е набавен, но тука не можам да влијаам ниту некогаш сум се амбицирал да влијаам, посочи Ковачевски.
Премиерот повтори дека гас ќе се набавува на 30 дена со оглед на фактот што така одат и продажбите со котации од минатиот месец и со движењето на он спот цените на берзата за тековниот месец при што финалната пресметка се прави на крајот од месецот.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје