Ковачевски: Се поклонуваме на борците кои го поразија фашизмот и придонесуваме во изградбата на Европа за сите
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во име на Владата и во свое име го честита 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
- Се поклонуваме на борците кои ги положија животите за пораз на фашизмот, од чиишто рушевини е изнедрена македонската државност. Оддаваме почит и на сите кои придонесоа за големата европска идеја и изградбата на Европската Унија. Нашата држава секогаш преку дела е на вистинската страна на историјата. Беше на бојните полиња во Втората светска војна, меѓу прогресивните антифашистички сили. Е и денес, рамо до рамо во НАТО и со државите членки на ЕУ, во одбраната на мирот. На патот на напредокот сме - наш аманет од партизаните, нашиот македонски јазик е рамноправно признаен меѓу европските јазици и како успешен модел на мултиетничка држава, дом на сите граѓани, како што е Европа, местото на Северна Македонија е во ЕУ, порача премиерот Ковачевски, стои во соопштението од владината прес-служба.
Владата организира свечено одбележување на 9 Мај, како значаен датум за Република Северна Македонија и за Европската Унија.
Делегација на Владата на Република Северна Македонија, во чиј состав се заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и министерот за образование, Јетон Шаќири, положи цвеќе и оддаде почит пред спомениците на партизанските гробишта во Бутел.
На настанот, организиран со високи државни почести, во чест на загинатите борци во НОБ, положија цвеќе и оддадоа почит и делегација на Сојуз на борците од НОАВМ, делегација на Собранието на Република Северна Македонија, претставник на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, делегација на Армијата и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, како и делегација на Град Скопје, делегација на дипломатскиот кор, и претставници на политички партии.
Ново на Сител
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров
-
Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела
-
Тошковски: Во премногу рана фаза сме за да навлегуваме во детали за истрагата во Судскиот совет
-
ДПИ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела држава, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто
-
Тошковски: Уапсени 4 лица, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија