Австралија тестира БСЖ вакцина против коронавирусот
Илјадници австралиски здравствени работници ќе почнат со тестирање за да видат дали вакцината за туберкулоза стара еден век, може да се бори против новиот коронавирус, велат истражувачи, приклучувајќи се кон глобалните тестирања што се спроведуваат во неколку земји.
Вакцината БСЖ им се дава на повеќе од милион деца годишно во земји со туберкулоза, но истражувачите велат дека може да се бори и против новиот коронавирус поради нејзината можност широко да го зајакне имунитетот. Вакцините му помагаат на телото да се бори против вирусите и болестите преку градење имунитет, но не лекуваат болести.
Околу 4.000 вработени во австралиските болници ќе учествуваат во испитувањето на вакцината што ќе почне деновиве, а резултатите се очекуваат за околу шест месеци, соопшти Институтот за истражување на деца „Мардок“ (МЦРИ) во Мелбурн.
Половина од учесниците ќе ја примат вакцината, која има малку несакани ефекти, додека другата половина ќе земе плацебо, а двете групи ќе овозможат нивното здравје да се следи преку софтверска апликација прикачена на нивниот паметен телефон, велат од Институтот.
– Ја менуваме намената на многу стара вакцина за нова намена, изјави Најџел Куртис, шеф на одделот за заразни болести во МЦРИ.
– Тое е ново и возбудливо и навистина вакцината за првпат ќе се користи на овој начин, додаде тој.
Истражувачот Куртис рече дека австралиското тестирање би било особено корисно бидејќи ќе се одвива во текот на зимата во јужната хемисфера, што е вообичаена сезона на грип во земјите, кога се очекува да заболат повеќе луѓе.
Со тестирањето ќе се провери дали со зајакнување на имунолошкиот систем на луѓето можат да се потиснат симптомите, кои вообичаено се респираторни проблеми и да го спречи нивното ширење.
– Хипотезата е дека ако имате посилен имунолошки систем, вирусот нема да може да се размножува и да предизвика штета, ограничувајќи ги вашите симптоми, истакна Куртис.
Теоријата за вакцината против туберкулоза ја истражуваат и американски научници.
– Откривме дека земјите без општа политика за БСЖ вакцината (Италија, Холандија, САД) се посериозно погодени во споредба со земјите со општа и долгогодишна политика на БСЖ, се вели во студија спроведена од истражувачи од Њујоршкиот институт за технологија (NYIT) на колеџот за остеопатска медицина во САД.
– Имаше позитивна значајна корелација помеѓу годината на воспоставување универзална БСЖ вакцинација и стапката на морталитет, во согласност со идејата дека колку порано е воспоставена политиката, ќе се заштити поголем дел од постарата популација, се вели во американската студија.
– На пример, Иран има универзална политика за БСЖ вакцинирање, но таа почна во 1984 година, и сега има зголемена смртност со 19,7 (сега 33 н.з.) смртни случаи на милиони жители.
Спротивно на тоа, Јапонија ја почна својата универзална политика за БСЖ во 1947 година и има околу 100 пати помалку смртни случаи на милиони луѓе, со смртност од 0,28 (сега 0,4 н.з.). Бразил почна општа вакцинација во 1920 година и исто така има помалку смртни случаи на милион жители, стои во студијата.
Со намалувањето на бројот на случаи на туберкулоза кон крајот на 20-от век, неколку земји со среден висок и висок приход во Европа меѓу 1963 и 2010 година ја укинаа политиката за општа БСЖ вакцинација.
– Комбинацијата на намален морбидитет и морталитет ја прави БСЖ вакцината потенцијална нова алатка во борбата против Ковид-19, заклучија истражувачите од САД.
Ново на Сител
-
Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела
-
Тошковски: Во премногу рана фаза сме за да навлегуваме во детали за истрагата во Судскиот совет
-
ДПИ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела држава, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто
-
Тошковски: Уапсени 4 лица, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија
-
Кривична пријава против дебранец за поседување марихуана
-
Тошковски: Засилени полициски активности пред новогодишните празници
-
ЦУК: Поради магла шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка, пронајдени од вработен на ски-лифт
-
Најниска температура од - 1 на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, најтопло во Гевгелија со 7 степени