Ковачевски: По влезот во НАТО, следна стратешка цел е членство во ЕУ до 2030
Нашите стратешки цели се конкретни и јасни. Станавме членка на НАТО, до 2030 да станеме членка на ЕУ. Добро е да се има одредница која ќе служи како водилка и мотивација да се движиме по зацртаната траекторија, истакнал премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на престижниот универзитет Џон Хопкинс во Вашингтон на тема „Неодложна потреба за економски развој на Балканот“.
Како што објави на неговиот ФБ профил, премиерот порачал дека „македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ, но дома, во Северна Македонија. ЕУ е визијата за подобар стандард, за подобри и повисоко платени работни места, за европски, западни вредности, дома“.
- Северна Македонија од осамостојувањето до денес со храбри политики пребродувала многу предизвици. Изминативе шест години како Влада понудивме водство и решенија и силно застанавме позади интересите на нашата земја, на нашите граѓани, на иднината на нашите млади, на идните генерации, нагласил Ковачевски.
Петседателот на Владата во рамки на работната посета на Вашингтон денеска ќе има средби и со америнскиот сенатор Крис Марфи, со конгресмените Брендан Бојл и Деби Дингел, како и со други високи владини претставници, сенатори и конгресмени.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар